Бeни Андерсон и Бјорн Улвеус, главните текстописци на „АББА“, ја отфрлија можноста за обединување на членовите на бендот за настап на следниот Евросонг во родната Шведска за да ја одбележат 50-годишнина од евровизиската победа.

Бендот победи на овој натпревар со песната Waterloo во 1974 година.

Во интервју за британскиот „Би-би-си њузнајт“ во средата навечер, тие ја отфрлија можноста да излезат на сцената со колешките Агнета Фалцког и Ани-Фрид Лингстад за таа пригода.

Швеѓанката Лорин победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Ливерпул, што значи дека оваа нордиска земја ќе биде домаќин на натпреварот следната година.

„Не сакам и ако не сакам, нема да одат. За сите нас е исто – некој вели ‘не’, и тоа е ‘не’, ” рече Андерсон. „Можеме да прославиме 50 години од АББА без да бидеме на сцената“, додаде Улвеус.

Формирани во 1972 година, „АББА“ добија легии фанови ширум светот по нивниот триумф на Евровизија во 1974 година и нивните трајни хитови како што се Dancing QueenFernando и многу други.

Квартетот, кој се распадна во раните 80-ти, продаде околу 385 милиони плочи. Минатата година во Лондон се одржа концерт на дигитални аватари на членовите на бендот во верзија од 70-тите.

Бјорн Улвеус, Ани-Фрид Лингстад, Агнета Фелцког и Бени Андерсон фотографирани во пресрет на премиерната изведба на Abba Voyage во мај 2022 година.