MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » ЗАПОЧНУВА АВСТРАЛИЈА ОПЕН
 
ЗАПОЧНУВА АВСТРАЛИЈА ОПЕН
13.01.2018, 13:28:33
 
 
 

Од Роџер Федерер па се до Симона Халеп , Рафаел Надал до Новак Ѓоковиќ, најголемите тениски ѕвезди во светот се враќаат во акција на Австралија Опен . Турнирот кој традиционално е прв голем Гренд Слем и овој јануари ќе може да се прати само на „Eurosport“.

.

Многу иновации, најдобрите експерти на едно место како и аналитичари ќе го покријат овој настан . Емитувачите на Австралија Опен, „Eurosport“ и „Eurosport Player“ ќе бидат единственото место каде фановите на тенисот ќе можат комплетно да уживаат во сезоната 2018.

Матс Виландер, тениски експерт и седумкратен победник на Гранд Слем турнирите ќе рече: 

,, Австралија Опен е настан кој играчите го сакаат најмногу. Неговата релаксирана природа им дозволува да го играат својот најдобар тенис, што е бенефит за сите фанови ширум Европа. Верувам и сум убеден дека ние во Еуроспорт им нудиме на фановите услуга од ненадминлив карактер. Секогаш сакаме да ги поместиме границите . Ги имаме најдобрите имиња во тенисот, ја нудиме најдобрата анализа на нивната игра и нашите фанови имаат можност да ги гледаат сите свои херои..Ние знаеме точно што сакаат фановите , бидејќи и ние самите сме фанови. ”

Роџер Федерер во Австралија ќе ја брка својата јубилејна 20-та Грен Слем титула во кариерата, а пречка во тој поход ќе му бидат Рафа Надал и Новак Ѓоковиќ кој по повредата и шестмесечната пауза ќе сака победнички да се врати во врвот на тенисот.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News