MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News World » НАСКОРО ЕУ ЌЕ ИМА И МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
 
НАСКОРО ЕУ ЌЕ ИМА И МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ
13.01.2018, 07:00:00
 
 
 

Лидерот на германските социјалдемократи, Мартин Шулц најави дека ЕУ наскоро ќе воспостави функција министер за финансии. Ова Шулц го најави откако беше објавено дека е постигнат начелен договор за нова широка коалиција во Германија.

.

 

Прашањето за тоа како новата германска влада ќе се постави кон ЕУ, било едно од клучните во преговорите помеѓу париите на Меркел и Шулц.

– Ќе има европски министер за финансии, изјави Шулц, чија партија се залага за подлабоко врзување на членките на ЕУ.

Шулц бараше Меркел да го прифати предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за зацврстување на ЕУ и формирање на заедничко европско министерство за финансии.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News