MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » НА ПОГРЕБОТ НА БРАТУЧЕДОТ РИЈАНА СЕ ПОЈАВИ ВО БЕЛО
 
НА ПОГРЕБОТ НА БРАТУЧЕДОТ РИЈАНА СЕ ПОЈАВИ ВО БЕЛО
13.01.2018, 07:00:00
 
 
 

Поп-ѕвездата Ријана облечена во бело присуствуваше на погребот на својот братучед Тајвон Кајсин.

.

Тајвон беше убиен на Барбадос на Божик, само еден ден откако го прославил празникот заедно со Ријана. Нејзината облека предизвика бројни реакции на социјалните мрежи: бел фустан, бели патики и синџирче со дијамантски крст.

Ријана не беше единствената облечена во бело, целото нејзино семејство и пријателите на Тајвон на погребот носеа бела гардероба.

Белата облека е стандардна за погребите на Барбадос, исто како и кај будистите и муслиманите. Христијаните, пак, носат црнина, но ова не е црковно правило туку народен обичај за да се изрази тага по загубата на некој близок.

 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News