MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » РЕФОРМИТЕ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО СТИГНАА ДО СОБРАНИЕТО
 
РЕФОРМИТЕ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО СТИГНАА ДО СОБРАНИЕТО
12.01.2018, 14:40:00
 
 
 

Членовите на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија прифатија денеска Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации, кои се поврзани со реформите во системот за следење на комуникации да оди во натамошна собраниска процедура.

.

Со измените и дополнувањата се врши целосна хармонизација меѓу одредбите од овој закон и законот за следење на комуникациите.

Со нив се определува точното времетраење во кое операторите се должни да ги задржуваат податоците за моменталната географска, физичка или логичка локација на терминалната опрема на своите претплатници, односно корисници.

Сето тоа независно од нивната комуникациска активност, доволно за остварување на целите на законот за електронските комуникации и законот за следење на комуникациите, без да ги нарушат основните права и слободи на граѓанинот кои што се однесуваат на моралниот интегритет.

На седницата помина и Предлог – законот за изменување на Законот за електронските комуникации во второ читање, со кој всушност се врши промена во условите кои се однесуваат на именување на членови на Комисијата и на директор кои претставуваат органи на Агенцијата за електронски комуникации, во насока на бришење на условот за положен психолошки тест и за членовите и за директорот на Агенцијата.

Членовите на Комисијата во натамошна собраниска процедура ги проследија и Предлог - закон за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, Предлог на закон за урбано зеленило и Предлог-закон за изменување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа на второ читање.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News