MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » РЕШЕНИЕТО НА СПОРОТ СО ИМЕТО ЌЕ ДОНЕСЕ ГЕОПОЛИТИЧКИ ПРОМЕНИ, ПИШУВА КОМЕРСАНТ
 
РЕШЕНИЕТО НА СПОРОТ СО ИМЕТО ЌЕ ДОНЕСЕ ГЕОПОЛИТИЧКИ ПРОМЕНИ, ПИШУВА КОМЕРСАНТ
12.01.2018, 15:00:00
 
 
 

Македонија и Грција се блиску до решение за името, а конечниот договор ќе доведе до сериозни геополитички промени на Балканот, затоа што потоа се очекува Македонија да добие покана за влез во НАТО, пишува московскиот дневник Комерсант.

.

Весникот наведува дека можеби договорот ќе биде постигнат уште на следната официјална средба во Њујорк и дека претстојната рунда преговори може да биде одлучувачка. За тоа сведочат консултациите кои Атина ги имаше со вицепремиерот во македонската Влада, Бујар Одмани.

„Решавањето на долгогодишниот спор меѓу Скопје и Атина не само што ќе стави крај на клучните проблеми во односите меѓу двете држави, туку ќе доведе до сериозни геополитички измени во регионот“, оценува Комерсант.

Тие потсетуваат дека на самитот на НАТО во Букурешт во 2008, Алијансата ѝ вети членство на Македонија, кога ќе биде решен спорот со името.

„Тоа значи дека Скопје ќе добие покана за членство на НАТО веќе на следниот самит во јули, а за помалку од една година ќе стане и членка на Алијансата“, заклучува весникот.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News