MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Top Stories » ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СТИГНА ДО ИВАНОВ, ОМД БАРА ОТФРЛАЊЕ
 
ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СТИГНА ДО ИВАНОВ, ОМД БАРА ОТФРЛАЊЕ
12.01.2018, 14:00:00
 
 
 

Новиот закон за употреба на јазиците кој вчера го изгласа Собранието, а содржи многу спорни елементи како двојазичност на парите и униформите, веќе е доставен на одобрување пред претседателот Иванов. Тој има рок од вкупно 7 дена во кои може да се изјасни дали ќе го потпише или не или ќе се одлучи за вето, но за било каква одлука засега најавено е дека внимателно ќе се разгледува.

.

Доколку претседателот не го одобри новиот закон за употреба на јазиците тој во рок од 30 дена од донесувањето повторно се враќа на расправа и одлучување во Собранието па за повторно да биде изгласан потребно е само апсолутно мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Досега претседателот Иванов искажа сериозни критики за законското решение кое според него е надвор од Уставот и надвор од Рамковниот договор.

- Законот е репресивен. Оние кои тврдат дека предлог-законот е во согласност со Уставот и законите, ќе ги прашам: во согласност со чиј Устав и чии закони? Како претседател во мојот Кабинет имав консултации со правни експерти, уставни судии, академици, универзитетски професори, лингвисти. По извршените консултации можам да кажам дека Законот за јазиците не претставува закана по македонскиот јазик. Тој претставува закана по унитарноста на државата. Овој предлог-закон го крши најголемиот закон на државата, а тоа е Уставот – посочи Иванов, додавајќи дека се носат закони без политички дијалог и без вклученост на научната и експертската јавност, рече Иванов при годишното обраќање во Собранието.


Обединетата Mакедонска Дијаспора (ОМД) остро ги осудува 69-те пратеници во  Собранието на Република Македонија за усвојувањето на законот за јазици кој ќе го кодифицира албанскиот јазик како официјален јазик на целата територија на Република Македонија.

ОМД во ракцијата порачува дека македонската заедница надвор од Македонија нема да го толерира редефинирањето на македонскиот национален идентитет, како и дека историјата ќе им суди на оние кои го изгласаа овој закон.

„Законот не е потврден од Венецијанската комисија на Советот на Европа и ја придвижува земјата на чекор понатаму да стане федерална држава, загрозувајќи го унитарниот територијален интегритет на Македонија. Нема историска основа или демографски причини за Македонија да има биетнички идентитет како Белгија“, се вели во соопштението од ОМД.

ОМД го повикува претседателот Ѓорге Иванов да не го потпишува законот, а САД и ЕУ веднаш да го осудат овој акт на Собранието. Исто така бара Македонија итно да спроведе попис на населението, а опозицијата да престане да го бојкотира Собранието, како и нивните претходници, да се врати на работа, претставувајќи ги интересите на нивните изборни единици.

Законот, според ОМД, е неуставен и служи за за понатамошна поделба на Македонија по две етнички и религиозни линии, што е сосема спротивно на Македонија и нејзините цели за мир и соработка со соседите и стабилноста во целиот регион.

„ОМД смета дека ниту едно малцинство во Македонија не треба да има преференцијален третман врз другите, а Македонија мора да престане да создава паралелни општества“, се додава во соопштението.


Собирањето на 150.000 потписи, за потоа референдумски да се изјаснат државјаните на Македонија е веројатно единственото законско решение за спречувањето на примената на штотуку донесениот закон за јазици, оценува ТМРО.

„Извршниот одбор на ТМРО, најпрвин ќе направи анализа на донесените законски одредби и нивната усогласеност со Уставот, ќе ја разгледа можноста за организирање на ваква иницијатива доколку донесениот закон е штетен по македонските национални интереси, ќе ја има предвид и партиската кондициона структура по локалните избори, ќе разгледаме и можност за поширок политички и поединечен фронт со цел итна реакција за зачувување на унитарниот карактер на македонската држава“, изјави претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.
 

Повеќејазичните патни ознаки од рано утринава се поставуваат пред сите поважни институции. Една од првите локации каде беа ставени нови патокази кај Музејот на Град Скопје.

Тоа е предвидено со Законот за јазици кој вчера македонските пратеници го изгласаа со 69 гласа “ЗА”.

Во член 7 од Законот, се предвидува:

„(1) Називите на институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, како и сите други институции и нивните подрачни единици во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и во Скопје, ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо како и на англиски јазик. Називите ќе бидат со иста големина и фонт, при што називот на македонски јазик и писмо ќе биде напишан прв.

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News