MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ДРИСЛА
 
ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ДРИСЛА
12.01.2018, 14:00:00
 
 
 

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека по допрен глас е отворен предмет за работењето во депонијата „Дрисла“-Скопје за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик.

 

.

„Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации“, велат од Обвинителството.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов откри дека скопската депонија Дрисла уште во 2012 година требало да набави нова печка за согорување на медицински отпад, но оваа набавка никогаш не била реализирана.

„Нашите претходници пред шест години планирале нова печка за согорување на медицински отпад во депонијата „Дрисла“, но печката не е набавена. За набавката постои и меница од 700 илјади евра која е нереализирана од за нас непознати причини, рече Шилегов на денешната прес конференција.

Во интервју за Фактор, Горан Ангелов директорот на Дрисла, посочи дека нов инсенератор за согорување на медицински отпад ќе биде набавен годинава, а пуштен во употреба налето, но не сакаше да ги коментира наводите зошто на старата печка која е донирана од Велика Британија во далечната 2000 година не била набавена соодветна дополнителна опрема од околу 200 илјади евра како што тврдеше британски Гардијан.

Дрисла беше единствен правен субјект изминатиот период кој беше казнет од Државниот инспекторат за животна средина, а му беше наложено да постави филтри на инсенераторот кој сега работи со ограничен капацитет поради загадувањето.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News