MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » ВТОРА ПОБЕДА ВО ТРИ ДЕНА ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ЏЕТС
 
ВТОРА ПОБЕДА ВО ТРИ ДЕНА ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ЏЕТС
12.01.2018, 12:43:11
 
 
 

Њукасал Џетс минимално со 1-0 славеше победа против екипата на Бризбејн Роар на стартот од 16то коло во Хјундаи А лигата, со што ја запиша својата втора победа за само три дена.

.

Хофман успеа уште во 11 минута од натпреварот да ја затресе мрежата на противничкиот голман и да му донесе нова радост на својот тим но и нови три бода, поставувајќи ги воедно и конечните 1-0.

Со тоа Џетс се доближи на пет бода до моментално водечкиот Сиднеј ФК кој допрва ќе го одигра својот меч во 16та рунда, во чии рамки утре Велингтон Феникс го пречекува тимот на ВС Вондерерс, додека Мелбурн Виктори е домаќин на тимот на Перт Глори.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News