MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ШВЕДСКИ ХОТЕЛ ГАРАНТИРА ОРГАЗАМ
 
ШВЕДСКИ ХОТЕЛ ГАРАНТИРА ОРГАЗАМ
12.01.2018, 12:24:22
 
 
 

Малиот шведски хотел "Venusgarden" за многу гости е вистинска оаза на љубовта. Во него се е подредено за уживање во страста и еротиката.

.

Бидејќи денес има се повеќе двојки кои не се задоволни од својот сексуален живот, сопствениците на еден шведски хотел дошле до идеја да направат љубовно гнездо каде што нивните гости ќе бидат инспирирани да имаат секс. Домакинката на хотелот Yiva Franzén (67), која е и авторка на книгата "Orgasming more" на двојките им дава еротска обика за да научат максимално да уживаат во сексуалниот чин и да го доживеат врвот на задоволството.

Малиот хотел има три тематски спални соби – Камасутра, Венис и Тао, а во секоја од нив се наоѓа масло за масажа, миризливи свеќи, еротски илустрации, крошни со секси играчки…

Собата Камасутра, сопственичката ја опишува како индијски љубовен храм каде што уметноста за водење љубов се зголемува. Собата Тао има лулашка над креветот и огледало на плафонот. Собата Венус ја опишува како љубовна оаза во која секоја двојка ќе ја открие вистинската атмосфера на љубов и страст.

"Во нашиот хотел доаѓаат на меден месец, потоа сопружници кои слават годишнина од бракот, но и невенчани парови. Повеќето гости се средновековни парови кои имаат прекрасни врски, но тука доаѓаат да ја обноват страста. Поради тоа некои го нарекуваат и хотел за оргазам, но мислам дека тоа не е добро име. Ова е романтичен хотел кој на паровите им овозможува подобра сексуална поврзаност" кажува 67 годишната Yiva.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News