MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » БЕЛА ХАДИД СИ НАЈДЕ НОВО МОМЧЕ
 
БЕЛА ХАДИД СИ НАЈДЕ НОВО МОМЧЕ
12.01.2018, 08:55:00
 
 
 

Бела Хадид има нова љубов. Моделот се среќава со 25-годишниот кошаркар од ЛА Лејкерс Џордан Кларксон, соопшти US Weekly.

.

 

Интересно е дека Џордан е поранешен дечко на најдобрата пријателка на Бела – Кендал Џенер, со која тој беше во врска на почетокот на минатата година.

Извори потврдуваат дека Бела е среќна во нејзината нова врска, но сепак нема причина да зборува за неа.

На крајот на 2016 година Бела се раздели со музичарот The Weeknd кој пак започна романса со пејачката Селена Гомез, но двајцата се разделија сосема брзо.

Гомез се врати кај својот поранешен љубовник Џастин Бибер, а потоа се зборуваше дека The Weeknd ќе се обиде да ја врати Хадид. Очигледно тој не успеал да ја врати љубовта назад.

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News