MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » МОМЧЕ ОД СРБИЈА СО РЕШЕНИЕ ЗА ДЕВОЈКИТЕ ШТО САКААТ ПОГОЛЕМИ ГРАДИ
 
МОМЧЕ ОД СРБИЈА СО РЕШЕНИЕ ЗА ДЕВОЈКИТЕ ШТО САКААТ ПОГОЛЕМИ ГРАДИ
11.01.2018, 11:29:21
 
 
 

Милан Милиќ од Србија измислил градник кој што само за 7 дена користење ќе Ви ги зголеми градите за еден број.

.

Милан првично овој градник го направил за неговата девојка Јелена Шабиќ (26) која што сакала да има поголеми гради, но не сакала да вградува силикон. Тој откако го дизајнирал градникот мислел дека првичните резултати ќе се видат за неколку месеци, но останал зачуден кога градите на Јелена и пораснале за само неколку дена.

Идејата за овој неверојатен градник се појавила уште во 2012 година, а сега тој е подготвен и за продажба.

Милан го патентирал својот дизајн, а пронашол и инвеститор кој што ќе му помогне тој да започне со масовна изработка на овие градници. Почетната цена на овој градник е 199$.

– Градникот ја зголемува циркулацијата на крвта. Функционира и како масажер само што тоа го прави многу побрзо. Тоа е природен процес кој што го зголемува протокот на крв, а таа крв ги храни градите. Конечно ги завршивме истражувањата и ја добивме 4-тата верзија од овој градник кој што е мног понапреден од прототипот. – изјавил Милан за медиумите.

Градникот досега го имаат пробано над 14 жени во Америка, Кина и Европа, а градите им се зголемиле за 3-4 сантиметри. Јелелна девојката на Милан пред 6 години била првата која што го пробала овој градник, а нејзините гради се зголемиле од големина А, на големина Д. Таа градникот го носела 3 пати неделно.  

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News