MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ЛИЛЈАЦИ ПАЃААТ МРТВИ ОД ПРЕВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ВО АВСТРАЛИЈА
 
ЛИЛЈАЦИ ПАЃААТ МРТВИ ОД ПРЕВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ВО АВСТРАЛИЈА
11.01.2018, 11:26:34
 
 
 

Колонија овошни лилјаци во Австралија скоро е пред исчезнување поради незапаметениот тополотен бран, покрај очајните обиди за спасување од страна на еколошки активисти.

.

Активистите пронашле 3.000 мртви лилјаци, познати и како летечки лисици од кои поголемиот дел биле младенчиња.

Меѓутоа, вистинскиот број на угинати лилјаци е далеку поголем. Кралството друштво за спречување на суровост кон животните проценува дека и до 100.000 животни и 25 различни колонии во Австралија угинале за време на викендот, пренесува „Тајм“.

Прегреаните лилјаци ги напуштаат своите млади во потрага по вода, но многумина од нив наскоро паѓаат на земјата и угинуваат.

– Всушност се варат живи. Тоа влијае на нивниот мозок. Мозокот едноставно им се пржи и стануваат некохерентни, објаснува активистката Кејт Рајан.

Лилјаците тешко одржуваат нормална телесна температура кога надворешната надминува 40 степени, а губитокот на природното живеалиште ги води се подалеку од реките и езерата кои можат да им ги спасат животите.

Додека во недела температурата во Сиднеј достигна 47,3 степени целзиусови, а асфалтот се топеше, волонтерите во Квинсленд се обидувале да спасат лилјаци, рехидрирајќи ги и носејќи ги во ладовина.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News