MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » ОДБРАМБЕНАТА ЅВЕЗДА НА СИДНЕЈ ФК СО ПРОДОЛЖЕН ДОГОВОР
 
ОДБРАМБЕНАТА ЅВЕЗДА НА СИДНЕЈ ФК СО ПРОДОЛЖЕН ДОГОВОР
11.01.2018, 09:35:29
 
 
 

Левиот бек Мајкл Зуло ја осигура својата иднина заедно со шампионите во Хјундаи А Лигата за уште две години.

Зуло со Небесно Сините има потпишано уште на почетокот на 2016/17 сезона и беше составен член на екипата со рекордно двојно освојување.

.

 Голема е веројатноста дека 29 годишниот дефанзивец е во најдобра форма во кариерата во текот на последните 18 месеци, кој има помогнато на Сините да го освојат и Вестфилд ФФА Купот во 2017.

‘’ Чест ми е што ќе бидам дел од тимот за уште две години ’’

‘’ Сиднеј ФК ми понудија се што е во нивен домет во и надвор од теренот. Тоа е најголемиот и најдобриот клуб во земјата, и навистина не би сакал никаде на друго место да играм фудбал отколку тука во оваа фамилијарна средина која ме опкружува ’’

‘’ Спремен сум за да освоиме уште повеќе титули, особено титулата од АФЦ Лигата на Шампионите за 2018 која е веќе на повидок ’’

‘’ Возбуден сум што продолжувам да се развивам како играч и личност во и надвор од теренот и што можам да преземам уште поголема одговорност за клубот ’’ изјави Мајкл Зуло.

Шефот на Сиднеј Фк, Грем Арнолд работеше напорно во обид да може да го продолжи договорот со неколку клучни играчи на кои веќе им истекува договорот на крајот од сезоната и е задоволен од тоа што веќе успеа со еден од нив.

‘’ Мајкл е еден фантастичен играч со кој може да се работи и кој носи само позитивности во групата. Навистина сум задоволен што ќе го имаме на наша страна уште цели две сезони’’ изјави Грем.

Во моментот Сиднеј ФК се наоѓаат со осум поени предност на врвот од табелата во Хјундаи А Лигата во пресрет на натпреварот кој ке го одиграат против Аделаид Јунајтед во недела на Куперс стадионот.   

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News