MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport » ПЕТЕРХАНСЕЛ НАЈДОБАР НА ПЕТТАТА ЕТАПА ОД РЕЛИ ДАКАР
 
ПЕТЕРХАНСЕЛ НАЈДОБАР НА ПЕТТАТА ЕТАПА ОД РЕЛИ ДАКАР
11.01.2018, 09:27:31
 
 
 

Актуелниот шампион на Дакар, Стефан Петерхансел ја запиша првата етапна победа на овогодишното издание, на петтата специјал-етапа, возена од Сан Хуан де Марконе до Арекип.

.

Возачот на Пежо, етапата долга 267 километри, ја мина за 2:51:19 часа и беше скоро пет минути побрз од Бернхард де Бринке во Тојота. На третото место се пласира вториот возач на Тојота, Жинијел де Вилије.

Денешната етапа ја одбележа и откажувањето на деветкратниот рели шампион, Себастијан Леб, кој повеќе од два сати беше заглавен во песокта, по што се откажа од неговиот трет Дакар. Во генералниот пласман Петерхансел ја зголеми својата предност и сега има 31 минута пред тимскиот колега Карлос Саинц.

Кај моторциклистите најбрз беше Џоан Бареда со неговата Хонда, со предност од десет минути пред возачот на КТМ, Матијас Валкнер. Во генералниот пласман во водство остана Адријен ван Беверен со минута предност пред Бенавидеса.

Утре Дакар се сели од Перу во Боливија, а на програмата е етапа долга 758 километри, од Арекипе до Лапаз.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News