MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » КЛИПЕРСИ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ АКТУЕЛНИОТ ШАМПИОН
 
КЛИПЕРСИ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ АКТУЕЛНИОТ ШАМПИОН
11.01.2018, 09:26:11
 
 
 

ЛА Клиперс успеа да стави крај на серија од пет победи во низа на Голден Стејт, откако на гостински терен го совлада со 125:106. Шампионот, кој пред пет дена го доби дуелот со Клиперси, падна во второто полувреме во кое постигна 44 поени, додека на другата страна противник реализираше 67 поени.

.

Главниот збор на теренот го имаше Лу Вилијамс, кој постигна рекордни за него 50 поени (27 поени ги даде во третата четвртина), на кои додаде два скока и седум асистенции. Тајрон Волас постигна 22 поени, додека Деандре Џордан имаше дабл-дабл од 10 поени и 12 скока.

Во редовите на Голден Стејт, Кевин Дурент имаше 40 поени, кои не се покажаа како доволни за победа. Шампионот на овој меч настапи без Стеф Кари и Клеј Томпсон.

Резултати: Шарлот - Далас 111:115, Индијана - Мајами 106:114, Вашингтон - Јута 104:107, Бруклин - Детроит 80:114, Њујорк - Чикаго 119:122 (прод.), Хјустон - Портланд 121:112, Мемфис - Њу Орлеанс 105:102, Милвоки - Орландо 110:103, Минесота - Оклахома 104:88, Денвер - Атланта 97:110, Голден Стејт - ЛА Клиперс 106:125.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News