MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » РАКОМЕТАРИТЕ ЗАМИНАА ЗА ХРВАТСКА
 
РАКОМЕТАРИТЕ ЗАМИНАА ЗА ХРВАТСКА
11.01.2018, 09:24:11
 
 
 

Ракометната репрезентација на Македонија утрово отпатува за Загреб, каде од утре почнува 13.то Европско првенство. Нашата репрезентација повеќе од 20-тина дена се подготвуваше за петтиот настап на европските првенства.

.

Македонија се наоѓа во групата Ц заедно со селекциите на: Словенија, Црна Гора и европскиот првак Германија. Трите првопласирани селекции од групата ќе ги продолжат натпреварите следната фаза што ќе се игра во Вараждин.

Селекторот Раул Гонзалез за Загреб поведе 19 играчи, а на техничкиот состанок утре ќе се мора да реши со кои играчи ќе игра против Словенија на 13.јануари – сабота.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News