MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Australia » 2017 ЕДНА ОД НАЈТОПЛИТЕ ГОДИНИ ВО АВСТРАЛИЈА
 
2017 ЕДНА ОД НАЈТОПЛИТЕ ГОДИНИ ВО АВСТРАЛИЈА
11.01.2018, 07:05:00
 
 
 

Во Австралија 2017 година била една од најтоплите години и покрај отсуството на климатскиот феномен Ел Нињо во тропскиот дел од Тихиот Океан, соопштија во Сиднеј.

.

 

Во изминатите 10 години, седум биле најтопли, само 2011 година била под просекот, соопшти Бирото за метеорологија во годишниот извештај за климата.

– И покрај отсуството на Ел Нињо, 2017 година е карактеристична по високите температури, изјави Карл Браганца од тоа Биро.

Источните австралиски држави, Нов Јужен Велс и Квонсленд, биле најмногу погодени од жешкото време, изјави Браганца и додаде дека 2017 година е трета последователно најтопла година.

Паралелно со тоа, океаните кои ја опкружуваат Австралија се загреале „многу над просекот“.

Бирото наведува дека просечната температура во Австралија од 22,76 степени Целзиусови е зголемена за 1,1 степен од 1910 година и тоа најмногу од 1950 година. Освен тоа, седум од 10 најжешки години се од 2005 досега.

Во неделата во Сиднеј беа измерени рекордни 47,3 степени Целзиусови.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News