MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Top Stories » СЕ ОДИ КОН МОЖНО РЕШЕНИЕ НА ИМЕТО, ВЕЛИ БОШЊАКОВСКИ
 
СЕ ОДИ КОН МОЖНО РЕШЕНИЕ НА ИМЕТО, ВЕЛИ БОШЊАКОВСКИ
10.01.2018, 12:00:00
 
 
 

 

Владата во овој момент не сака да навлегува во конкретни и суштински расправи во однос на преговорите за името, но како што посочи денеска нејзиниот портпарол Миле Бошњаковски, се оди кон тоа дека постои можно решение кое би одговарало на двете страни.

.

 

 Во овој момент не би навлегувале во конкретни, специфични и суштински расправи во однос на преговорите за името, но она што е очигледно и што е јасно е дека климата е исклучително подобрена и во Република Македонија и во Република Грција и се оди кон тоа, како што неодамна најави премиерот, дека постои можно решение кое би одговарало на двете страни - изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Новата рунда разговори за името ќе биде одржана во Њујорк на 17 јануари.

По средбата на вицепремиерот Османи со шефот на грчката дипломатија Коѕијас, тој изјави дека во моментов не се разговара за предлози, но дека на крајот на овој месец ќе има конкретен предлог и ќе може да се заземе став.

Османи во Атина освен со Коѕијас се сретна и со алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.

Во меѓувреме, во грчките медиуми и понатаму се пишува дека за двете страни е прифатлив предлогот „Република Нова Македонија“, како и дека постои навистина поволна клима за овој спор да биде решен налето. Нова рунда разговори за името ќе има Нимиц со Наумовски и Василакис наредната недела во Њујорк.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News