MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » КОМПЛЕТИРАНА 15ТА РУНДА НАТПРЕВАРИ ВО А ЛИГАТА
 
КОМПЛЕТИРАНА 15ТА РУНДА НАТПРЕВАРИ ВО А ЛИГАТА
10.01.2018, 12:45:22
 
 
 

Две средби се одиграа денеска во Хјундаи А лигата со што се комплетираше 15то коло во најквалитетното фудбалско првенство во Австралија.  

.

Велингтон Феникс го совлада тимот на Мелбурн Виктори со 2-1 откако гостите први дојдоа до водство со голот на Барбароусес во 40та минута од натпреварот, иако уште од 8та минута играа со играч помалку по директниот црвен картон на Вилијамс.

Во вториот дел домашните успеаа преку Кришна да изедначат на 1-1 во 64та минута, а благодарение на автоголот на Милиган во 83та минута дојдоа и до победата од 2-1.

На вториот денешен меч немаше победник. ВС Вондерерс и Аделаид Јунајтед ги поделија бодовите одигрувајќи нерешено 1-1. Откако првото полувреме заврши без голови, во вториот дел Клизби во 52 минута ја затресе противничката мрежа за 1-0 за домаќините, а до крајот на натпреварот погоди и Стамателопулос за конечни 1-1.

По 15 одиграни средби водечки на табелата и понатаму актуелниот бранител на тирулата Сиднеј ФК со 38 бода или осум повеќе од Њукасал Џетс на втората позиција. Трет е тимот на Мелбурн Сити со 25, Аделаид Јунајтед има 21 на четвртата позиција а првата половина на табелата ја комплетираат уште и екипите на Мелбурн Виктори со 20, односно ВС Вондерерс со 18 бода.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News