MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport » ЃОКОВИЌ СО ПОБЕДА СЕ ВРАЌА НА ТЕРЕНИТЕ
 
ЃОКОВИЌ СО ПОБЕДА СЕ ВРАЌА НА ТЕРЕНИТЕ
10.01.2018, 11:17:30
 
 
 

По пауза од шест месеци Новак Ѓоковиќ му се врати на тенисот, во егзибициски меч на Кјуонг Класик во Мелбурн го победи Доминик Тим со убедливи 6-1 и 6-4.  

.

Доминик Тим важи за еден од најдобрите тенисери, во моментов e петти на АТП листата, па победата на Новак Ѓоковиќ е вистински показател дека тој се враќа во вистинска форма.

Поради повредата на лактот, овој меч Ѓоковиќ го играше со заштитен ракав.

Учеството на Ѓоковиќ на Австралија опен е се уште неизвесно, но овој натпревар покажува дека Србинот може да се натпреварува на највисоко ниво.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News