MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » ДВЕ СРЕДБИ ОДИГРАНИ ДЕНЕС ВО А ЛИГАТА
 
ДВЕ СРЕДБИ ОДИГРАНИ ДЕНЕС ВО А ЛИГАТА
09.01.2018, 14:47:21
 
 
 

Њукасал Џетс славеше со 2-0 во дуелот против Централ Коуст Маринерс на првиот од двата меча одиграни денес во рамки на 15то коло во А лигата.

.

Првото полувреме заврши без погодоци откако по 45 минути игра мируваа мрежите и на двете страни. Слично беше и во поголемиот дел од второто полувреме, се до 83та минута кога Петратос погоди за 1-0 за домашните. Родригез со гол во 92та минута ги постави конечните 2-0.

На вториот натпревар кој се одигра денес Мелбурн Сити извојуваше гостинска победа во Перт.

Конечниот резултат беше поставен уште во првите 45 минути игра, откако најпрво МекКормак уште во 9та минута донесе предност за гостите, за 30тина минути подоцна, повторно истиот фудбалер бие прецизно од белата точка за конечни 2-0 за гостите од Мелбурн.

Во рамки на 15та рунда во Хјундаи А лигата останува утре да се одиграат уште две средби. Велингтон Феникс го пречекува тимот на Мелбурн Виктори, додека ВС Вондерерс ќе ги одмери силите со тимот на Аделаид Јунајтед.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News