MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » КИРИОС НАЈДОБАР НА ТУРНИРОТ ВО БРИЗБЕЈН
 
КИРИОС НАЈДОБАР НА ТУРНИРОТ ВО БРИЗБЕЈН
07.01.2018, 15:15:21
 
 
 

Ник Кириос го освои за час и 14 минути игра финалето на турнирот од сериите АТП 250 во Бризбејн. Австралиецот го победи Рајан Харисон со 6:4, 6:2.

.

Силниот почетен удар повторно многу му помогна на Кириос, откако го заврши судирот со 17 аса.

Ова е прва титула на домашна почва за светскиот број 21, кој ќе се придвижи до 17-тата позиција во рангирањето на АТП следната недела.
Во својата кариера австралиецот може да се пофали уште со трофеи од Токио, Атланта и Марсеј.

За успехот во Бризбејн, Кириос ќе додаде 250 поени за светската АТП листа и ќе земе 83.650 долари од наградниот фонд.

Харисон освои 150 поени и 44,055 долари.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News