MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Interview » ПОДМЛАДУВАЊЕ НА МУЗИЧКАТА СЦЕНА БЕНДОТ БЕЛ КАНТО ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА МАКТЕЛ
 
ПОДМЛАДУВАЊЕ НА МУЗИЧКАТА СЦЕНА БЕНДОТ БЕЛ КАНТО ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА МАКТЕЛ
18.12.2017, 08:45:33
 
 
 

Младите, но талентирани момци од Кочани го формираа составот Bel ‘Canto со една цел – ширење на позитивни музички вибрации, љубов, забава. Денеска ви го претставуваме нивното првенче – кавер верзијата на „Све је лаж“ инаку во оригинална изведба на Дино Мерлин.

Ако сте во дилема кои се овие тројца шармантни момци, веднаш ќе расчистиме: Главен вокал на „БЕЛ КАНТО“ е Методија Пандурски, на клавијатура „растураат“ Јорданов Александар и Лазе Крумов.  

.

Колку време постои вашиот состав?

- Ние сме релативно нов, млад, креативен и секако енергичен бенд (хаха) . Постоиме од почетокот на оваа година т.е почетокот на 2017 од јануари и се надеваме деке веќе ја освоивме публиката и ги задоволивме вкусовите на нашите фанови, кои секогаш ги следат нашите настапи.

Кога би се навратиле на почетна точка Александар би рекол ...

- Се знаевме од порано, одевме заедно во основното музичко училиште во Кочани. Нашиот град е мал, но со многу талентирани уметници, па така решивме со нашиот тален, труд и секако љубов кон музиката да постигнеме и оставриме нешто на нашата сцена.

Каде можеме да ве видимеслушнеме?

- Нашите настапи публиката може да ги следи низ повеќе кафулиња и дискотеки низ земјава. Во момонетов најактуелни сме во Кочани, Виница, Пробиштип, Струмица, Берово, Свети Николе и уште неколку градови каде публиката може да го слушне нашиот богат репертоар кој ветува многу забава за сите вкусови.

Кажете ми нешто повеќе околу каверот кој го сработивте, зошто оваа тема, дали можеби има некоја подлабока причина?

- Старите хитови секогаш остааваат белег кај публиката, хитови кои секогаш остануваат. Па така и ние одлучивме со еден ваков кавер да ги изненадиме слушателите, секако и ги задовилиме сите вкусови.

Со кого се соработувавте за да го спакувате како финален произвот? Видео?

- Работевме со еден од најдобрите музички имиња во Македонија кој покрај музиката се занимава и со аудио и видео продукција, станува збор за Јордан Манов. Секако работевме сите за да го спакуваме целиот овој производ, за кој можеме да се пофалиме дека наиде на позитивни критики од фановите и музичарите.

Планови за иднина, можеби авторско дело?

- Како велат планови никогаш доста. Планираме уште многу преработки на македонски и српски хитови, кои ќе бидат слушани. Секако работиме и на нашиот прв сингл за кој сеуште не сакаме да ги откриваме деталите, нека остане изненадување за публиката.

 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News