MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ГО ПРОНАШОЛ ПАРИЧНИКОТ ПОСЛЕ 10 ГОДИНИ СО СЕ СИТЕ ПАРИ ВО НЕГО
 
ГО ПРОНАШОЛ ПАРИЧНИКОТ ПОСЛЕ 10 ГОДИНИ СО СЕ СИТЕ ПАРИ ВО НЕГО
07.12.2017, 12:11:43
 
 
 

Маж кој во 2007 година во Швајцарија си го загубил паричникот со пари и картички, како и документи за идентификација во него, го најде по 10 години.

Како што пишува 20 Minutes, во 2007 година Пјетер Марку работел на изградба на зграда во Хоркинген, кога си го загубил паричникот.

.

Во него имало документи за лична идентификација, кредитни картички и 500 франци во кеш. Но, уште поважно во него имало и една стара пара од 20 франци, која тој ја чувал. Имено, тој во 1989 година од Косово заминал за Швајцарија и ги имал само тие 20 франци. Тој никогаш не ги потрошил и од сентименталност ја чувал старата банкнота. Дента кога го загубил паричникот со другите градежници го пребарале градилиштето, но тој се откажал дека некогаш повторно ќе ја види за не го важната банкнота.

Но, пред неколку дена му се јавиле од поштата дека некој вработен го нашол неговиот стар паричник.

Кога Марку пошол да го земе, во него биле и парите и документите и старата банкнота.

„Швајцарците се навистина чесни луѓе“, вели тој.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News