MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » БЕСПАРИЦАТА И ТОА КАКО ВЛИЈАЕ НА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ
 
БЕСПАРИЦАТА И ТОА КАКО ВЛИЈАЕ НА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ
07.12.2017, 12:09:44
 
 
 

Стресот поради недостаток на пари може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Финансиските тешкотии делуваат многу повеќе деструктивно на здравјето отколку што мислите.

.

 Покрај тоа што имаат двојно повисоки шанси за срцев удар, луѓето со финансиски проблеми можат да имаат и други здравствени проблеми, според американските истражувања од Бостонскиот универзитет.

27 проценти од луѓето кои се борат со беспарица имаат чир на желудникот или проблеми со варењето на храната, додека од другата страна, само 8 проценти од оние кои не се грижат за пари и финансиската состојба, имаат такви здраствени проблеми. Од главоболки и мигрена има дури 44 проценти од оние кои се под стрес поради недостаток на пари, а само 4 проценти од оние без финансиски проблеми, имаат мигрена.

Заморот во мускулите во градите се чувствува во 65 проценти од луѓето со финансиски потешкотии и поради нивната лоша физичка состојба, тие чувствуваат горчлива болка во овој дел од грбот или во мускулите.  

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News