MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » КЕЈХИЛ ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ ПО ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД МЕЛБУРН СИТИ
 
КЕЈХИЛ ГО ПРЕКИНА МОЛКОТ ПО ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД МЕЛБУРН СИТИ
07.12.2017, 11:32:07
 
 
 

 Тим Кејхил им се заблагодари на фановите и презборе за ‘специјалните’ сеќавања кои ги имаше во времето поминато заедно со Мелбурн Сити во Хјундаи А Лигата. Кејхил најави шокантни вести преку Хјундаи А Лигата во средата кога објави дека го напушта Сити и во пост од неговиот Инстаграм профил го прекина молкот околу случувањата.

.

Иако не ги откри неговите планови за во иднина, и за тоа во кој правец ќе се движи неговата кариера, 38 годишникот откри само дека сака да биде во потполна физичка кондиција за Светското Првенство кое ќе се одигра во Русија следната година.

‘’ Навистина беа исполнети минативе неколку дена – секако сакам да им се заблагодарам на ФФА, А – Лигата, Дејвид Галоп, Стивен Лоу и сите фанови низ целата земја и за можноста да се вратам дома и да заиграм во Австралија ’’ напиша Кејхил.

‘’ Тоа беше пеколен предизвик кој не беше лесен да се прифати, и сакав да се осигурам дека сум во најдобра физичка состојба за доброто на клубот и државата за да можам да придонесам во и надвор од теренот ’’

‘’ Средбите и дружењата со фановите од другите клубови беа фантастични и сегокаш изнудуваа насмевка на моето лице. Некои од моите незаборавни сеќавања ќе бидат првиот гол што го постигнав во А лигата против Виктори, Момчето од Маринерс кое го помести знамето од аголот па неможев да го прославам погодокот, и едно од најважните е тоа што помогнав мојот клуб да го освои ФФА Купот ’’

И додека неговата непосредна иднина можеби нема да биде во рамките на Хјундаи А Лигата, Кејхил инсистираше за тоа да продолжи да биде позитивен пример за локалната игра.

‘’ Секогаш ќе направам се што можам за да се подобри играта ’’

‘’ Патувањето низ Австралија во интеракција со фановите, фотографирањето и давањето автограми е нешто навистина посебно. Ќе правам се што е во моја можност за да ни се подобри играта и секако ќе се потрудам да бидам позитивен пример за идните игри кој следат без разлика дали ќе играм во Австралина или некаде во странство ’’ изјави Кејхил.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News