MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » КЛИВЛЕНД И ГОЛДЕН СТЕЈТ И ПОНАТАМУ ГАЗАТ СЕ ПРЕД СЕБЕ
 
КЛИВЛЕНД И ГОЛДЕН СТЕЈТ И ПОНАТАМУ ГАЗАТ СЕ ПРЕД СЕБЕ
07.12.2017, 11:28:44
 
 
 

Кевин Дурант ја превзеде одгворноста во свои раце против Шарлот по повредата на Стеф Кари, Кливленд на крилјата на Леброн Џејмс го израмни рекордот на франшизата од 13 победи во низа.

.

„Воините“ две недели ќе бидат без Стеф Кари откако плејмејкеро заработи повреда на скочниот зглоб.

Но неговото отсуство не се примети премногу на дуелот со Шарлот, Кевин Дурант превзеде одговорност и пружи одлична партија за победа од 87-101.

Популарниот КД вечерта ја заврши со трипл-дабл учинок, негов прв оваа сезона, и забележа 35 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

„Стршлените“ не беа во водство ниту еднаш, и во еден период од мечот беа и во негатива од 26 поени.

Леброн Џејмс со 32 поени, 11 скокови и 9 асистенции го предводеше Кливленд до триумф од 101-95 над Сакраменто

Вицешампионот се врати од негатива од 14 поени во третата четвртина за да ја продолжи одличната серија.

За „Коњаницата“ ова беше 13. победа во низа, и израмнување на рекордот на франшизата од сезоните 2008/09 и 2009/10.

НБА резултати:

Кливленд - Сакраменто 101:95
Индијана - Чикаго 98:96
Орландо - Атланта 110:106
Бостон - Далас 97:90
Њујорк - Мемфис 99:88
Шарлот - Голден стејт 87:101
Милвоки - Детроит 104:100
Њу Орлеанс - Денвер 123:114
Сан Антонио - Мајами 117:105
ЛА Клиперс - Минесота 107:113

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News