MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » ДАРКО СТАНИЌ НА МЕСТОТО НА ШТЕРБИК ВО ВАРДАР
 
ДАРКО СТАНИЌ НА МЕСТОТО НА ШТЕРБИК ВО ВАРДАР
07.12.2017, 11:24:32
 
 
 

Вардар започна со составување на тимот за следната сезона. По серијата официјални заминувања, стигнуваат првите информации за новите лица во таборот на „црвено-црните“, едно од нив е некогашниот голман на Металург, Дарко Станиќ.  

.

Вардар треба да се засили со десниот бек Дмитри Киселев и левиот бек Дмитри Санталов. Киселев (23 години), кој во моментов е дел од тимот на Санкт Петербург, ќе биде како поддршка за Даинис Кристопанс.

Санталов, пак, кој настапува за Чеховски Медведи, македонската публика сезонава имаше можност да го види во дуелите со Металург во групата Д во Лигата на шампионите. Рускиот репрезентативец беше прв стрелец за „мечките" на најсилното европско клупско натпреварување (55 гола), а корисен е и во двата правца.Спортскиот директор на Вардар, Едуард Кокшаров, е задолжен за разговор со руските ракометари, а неофицијално преговорите се во завршна фаза.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News