MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Australia » АВСТРАЛИСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА НЕ ГИ МЕНУВА КАМАТНИТЕ СТАПКИ
 
АВСТРАЛИСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА НЕ ГИ МЕНУВА КАМАТНИТЕ СТАПКИ
07.12.2017, 09:10:00
 
 
 

Централната банка на Австралија очекувано ги задржа каматните стапки без промена и сигнализира дека нема да ги промени наскоро, иако други развиени земји се насочуваат кон затегнување на монетарната политика, соопштува „Bloomberg“.

.

 

Регулаторот ја остави основната камата на ниво од 1,5%, а управителот Филип Лоу даде до знаење дека не брза да ја следи САД, Канада и Велика Британија во повлекувањето на стимулациите. „Bloomberg“ потсетува дека Јужна Кореја исто ги зголеми каматните стапки и се очекува следната година другите азиски држави да го следат нејзиниот пример.

„Сметаме дека централната банка на Австралија би сакала да види одржлив раст во платите, пред да ја зголеми каматата, што значи дека некое време промена во каматните стапки нема да е на дневен ред“, коментира Даниел Блејк, каматен стратег во „Morgan Stanley“ во Сиднеј . „Ова ја става банката надвор синхронизирана не само со ФЕД, но и со циклусот на затегнување на монетарната политика во развиените пазари во Азија“, додава тој.

Ниските каматни стапки во Австралија ги подобрија условите за водење бизнис и ги охрабрија компаниите да вработат персонал и да инвестираат. Задолжените домаќинства сепак, поради слабиот раст на платите имаат отежнување за отплата на обврските и истовремено да консумираат. Филип Лоу сигнализира дека по бумот на состаноци во оваа година има основи за оптимизам што се однесува до висината на платите.

Тој посочи дека економијата на Австралија најверојатно се зголемила во склад со трендовите и во текот на изминатата година. Очекувањата се во третиот квартал БДП-то да се зголеми  за 0,7% на квартална основа и со 3 отсто на годишна основа.

Лоу рече пред две недели дека ако економијата продолжува да се подобрува во однос на очекувањата, следната промена на каматните стапки ќе биде повеќе во насока на покачување, а не намалување. Пазарите очекуваат затегнување на монетарната политика не пред декември 2018-та година.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News