MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » ИМОЏЕН ЕНТОНИ ПРОТИВ ПОЛОВАТА ДИСКРИМИНАЦИЈА
 
ИМОЏЕН ЕНТОНИ ПРОТИВ ПОЛОВАТА ДИСКРИМИНАЦИЈА
07.12.2017, 07:05:00
 
 
 

Половата дискриминација е сè поголем проблем денес во светот. Тоа е темата за која моментално најмногу се дискутира, а со овој предмет се позанимавала и австралиската манекенка Имоџен Ентони, која на жените, мажите и мајките им даде различни совети.

.

 

Контроверзната манекенка и дизајнерка, Имоџен Ентони во својата објава на Инстаграм ги охрабри жените да ги покажуваат своите гради и да ги запалат нивните градници.

"Престанете да им зборувате на жените дека не треба да си го ценат своето тело само поради тоа што сакаат да ги покажат градите. Тоа не е чувство, ниту само визуелна естетика", напишала таја.

Таа истакнала дека мажите тоа не го разбираат, бидејќи тие никогаш не морале да носат градници, да се покриваат со гардероба или да се грижат доколку горниот костим за капење им се помрдне на плажа.

Имоџен ги повика сите мајки да ги едуцираат своите млади синови за еднаквоста со цел да престанат овие сексистички ставови за женското тело.

"Навистина е потребно и важно да ги едуцираме младите момчиња да им се воодушевуваат на жените, дека машките и женските гради се практично исти, така што жената не треба да биде понижена".

 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News