MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ ТРАЕКТОРИЈА
 
ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ ТРАЕКТОРИЈА
06.12.2017, 17:30:00
 
 
 

Судот ќе има 12 дена да обезбеди услови за снимање на рочиштето за случајот „Траекторија“. Денешното судење се одложи за 18 декември, бидејќи адвокатите на обвинетите побраа аудио-визуелно снимање на процесот. Екс-премиерот Никола Груевски и неговите некогашни блиски соработници Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски, се обвинети дека при изборот на фирми кои ќе ги градат автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, го оштетиле буџетот за најмалку 150 милиони евра. Груевски денеска рече дека не чувствува вина.

„Jас и моите колеги сме обвинети за нешто што го правела во минатото и сега го прави владата на СДСМ. Во минатото имаме случај при изградбата на хидроцентралата Козјак на ист начин и во иста постапка Владата земала кредит од Кина и ја исфинансирала градбата на Козјак. Сега на ист начин се направи анекс на договорот и тој анекс помина на Парламент“, рече екс-премиерот, Груевски.

Иако Никола Груевски е обвинет во повеќе предмети на СЈО, барањето на адвокатите за аудио и видео снимање на судењето, доаѓа само за овој случај.

 

.

„Сакаме сè она што ќе се случува и сè она што ќе биде кажано, да не внимаваме, да не мораме да се грижиме за тоа на кој начин истото е внесено во записник, туку од тонскиот записник да провериме и да бидеме сигурни дека сè што се случува е реално внесено“, изјави адвокатот, Еленко Миланов.

Автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги гради кинеската фирма Синехидро, преку пари обезбедени од исто така кинеската „Ексим-банка“. Според СЈО, по наредба на Груевски – Пешевски, Јанакески и Георгиевки ја елиминирале конкуренцијата и ја избрале фирмата која треба да гради. Додека СДСМ беше во опозиција објави прислушувани разговори помеѓу Никола Груевски и Миле Јанакиески каде наводно договараат провизија од 5 проценти токму за изградбата на делниците, сума еквивалентна на износ помеѓу 15 и 18 милиони евра.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News