MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » ИЗБРАН НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССМ
 
ИЗБРАН НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ССМ
06.12.2017, 17:30:00
 
 
 

Дарко Димовски е нов претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија. Со мнозинство е избран по продолжението на вонредниот конгрес. Димовски најави консолидација на Синдикатот и реформи кои, како што рече, се неопходен процес.

Мојот мандат е многу краток и ќе трае две години бидејќи ова е вонреден конгрес и затоа ќе се фокусираме на овие три цели – враќање на работничките права, загарантираната плата и враќање на достоинството. Реформите се неизбежни во Сојузот на синдикати, но тоа е наш интерен проблем којшто ние заеднички ќе го решиме, изјави Димовски.

 

.

Дел од синдикатите ја напуштија седницата. Противкандидатот на Димовски, Пецо Грујовски од УПОЗ, обвини дека ова бил најконтроверзниот конгрес.

Во врска со напуштањето на делегатите од гранковите синдикати кои му дадоа поддршка на вториот кандидат Пецо Грујовски, Димовски рече дека изборот бил најдемократски и оти 68 делегати му дале поддршка од вкупно 108 присутни делегати, а за неговиот противкандидат Грујовски гласале само двајца.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News