MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Macedonia » ДИК ГИ ОБЈАВИ ОДЛУКИТЕ, ЗА 18 МЕСЕЦИ ЗЕМАЛЕ 30 ПЛАТИ
 
ДИК ГИ ОБЈАВИ ОДЛУКИТЕ, ЗА 18 МЕСЕЦИ ЗЕМАЛЕ 30 ПЛАТИ
06.12.2017, 18:00:00
 
 
 

Членовите на државната изборна комисија добивале основна плата од околу 60.000 денари. Дел од членовите на ДИК денеска јавно ги објавија платите кои ги добивале, по лавината реакции во јавноста за дополнителните надоместоци кои си ги изгласале за локалните и пaралaмeнтарните избори. На основната сума од 60.000 денари, е пресметан и коефициент за минат труд.

 

 

.

Во разговор за Телевизија 24, Претседателот на комисијата Чичаковски рече дека има плата од 64 илјади денари со преместаниот минат труд, Бонева изјави дека нејзината плата вкупно е околу 68 илјади денари, а Игор Милев откри дека добивал плата од 62 илјади денари. Потврдуваат дека парите ќе ги донираат. Александар Чичаковски на здружение кое се бори за правата на пациентите, Игор Милев најави дека ќе се обиде да ги врати назад во буџетот, а Бонева ќе ги почека и останатите членови за заеднички да ги донираат таму каде што е најпотребно. Останатите членови на ДИК денеска не беа расположени да ги откријат платите. Со став за дополнителните надоместоци на членовите на Дик, денеска од владата велат дека јавноста со право реагира.

„ДИК е независно тело и секој буџетски корисник сам ги распределува парите во рамките на нивниот буџет. Но, потенцирам дека ниту Министерството за финансии, ниту Владата немаа информација во однос на бонусите кои што се исплатени. Владата многу пати досега се има изјаснети околку овие ненаменски и непродуктивни трошења  дека е потребно нивно кратење.“ - изјави Миле Бошњаковски.

Според информацијата од ДИК сите членови земале дополнителни 12 нето плати. Четири за последните избори, За закажаните, а неодржани избори во април минатата година, членовите на ДИК си поделиле три плати. Пет плати бонус, пак, зеле за предвремените парламентарни избори. Тоа значи дека членовите на Дик земале по 12 тина илјади евра бонуси, или вкупно за членовирте на ДИК над 100 илјади евра. Допиолнително се исплатени и суми на администрацијата.

Дополнителните средства кои членовите на ДИК си ги доделиле дојдоа во фокусот на јавноста откако американскиот амбасадор Џес Бејли јавно пред студентите на безбедност ги посочи како пример за корумпирана институција и нетранспарентно работење. Во таа прилика Бејли изјави дека не е сигурен дали е целата постапка легална или не, но нетранспарентноста на одлуката за доделување бонуси фрлила сенка врз работењето на комисијата.

Наспроти членовите на ДИК кои си поделиле по четири плати, членовите на општинските изборни комисии и на избирачките одбори немаат добиено ниту денар за ангажманот на денот на изборите. Од ДИК велат дека според Изборниот законик, општините се должни да ги исплатат тие надоместоци. Една од општините, каде се уште не се префрлени средства за изборните органи е Чаир. Оттаму ветуваат дека најдоцна до следната недела ќе се изврши исплата. Причина за доцнењето било прегласувањето.

„Причината за ова доцнење е административна бидејќи ние се уште очекуваме да ни бидат префрлени 20% од средствата од градот Скопје а и во Чаир имаше прегласување на едно гласачко место што го одложи завршувањето на изборниот процес. Исто така, исплатата на средствата бара и евидентирање на членовите на одборите и комплетирање на соодветната документација, а тоа одзема време”. – изјави Куштрим Ала – портпарол на Општина Чаир

И во Струга не им беше исплатени надоместоците на членовите на избирачките одбори. Од општинската изборна комисија велат дека средства треба да добијат околу 200 членови на иззбирачките одбори.

„Општина Струга има 101 гласачко место, односно има 1100 лица кои се вклучени во сите избирачки одбори. Општинската изборна комисија има ангажирано сметководител кој вчера поминал околу 800 лица кои добиле финансиски средства, значи остануваат уште 200 лица кои се очекува да ги добијат овие финансиски средства“. – вели Бледар Зиба – претседател на Општинската изборна комисија – Струга

Минатата година Државната изборна комисија, согласно со Пржинскиот договор постигнат меѓу четирите најголеми партии, уште пред да почнат да работат на  прочистување на  списокот на гласачи,   во јуни 2016 година, си поделиле награда меѓу   3.000 и 4.000 евра по член. Тогаш овие податоци лесно излегуваа од Министерство за финансии, бидејќи сегашната владејачка, тогаш опозициска СДСМ, имаше свој заменик-министер, па податоците излегуваа во јавност и без да ги бараат новинарите.

Покрај овој надоместок, членовите за ДИК секој месец добиваат редовна плата, што се движи околу 70.000 денари. Од тогашното раководство од Министерство за финансии, исто така го лиферуваа и податокот дека  членовите на ДИК потрошиле 30.000 евра за репрезентација, односно за јадење и пиење.

Колку за споредба, на членовите на подрачните одделенија на ДИК, кои ја завршија најголемиот дел од теренската работа за прочистувањето на Избирачкиот список, бидејќи ги правеа контролите по домовите и ги внесуваа добиените податоци во системот, исплатен им е надоместок од само 10.000 денари.

Овие надоместоци се исплатени без ДИК да донесе правилник за исплата и посебен акт, што е спротивно на Избирачкиот закон.

30.000 евра за репрезентација односно за јадење и пиење, во локалното бифе, но и во реномирани кафеани низ земјава, во 2016 година биле потрошени за половина година.

Членовите на ДИК користат патни трошоци исто како и пратениците. По скандалот за Силвана Бонева и нејзините патни трошоци како пратеник, беше обелоденето дека таа за секој ден дојден на работа добива 100 евра за патни трошоци или околу 9.700 денари Овие пари таа ги инкасираше од декември 2015 до јуни 2016, кога беше објавено и кога таа, како и сега со скандалот со поделените бонуси во висина на цела плата, вети дека ќе ги врати парите.

За бензин 5.528 евра или околу 1.500 евра месечно од стапување на функција, тогаш наплатил и експертот Атанас Урумов. Тој е гевгеличанец, но и за него се шпекулираше дека има изнајмено стан во Скопје, исто како и за Бонева дека престојува кај синовите кои имаат станови во главниот град.

Сега, на барањето на ЦИВИЛ да добие податоци за сите овие ставки на трошење на ДИК; одговорот бил дека тоа се тајни податоци кои не можат да бидат јавно објавувани.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News