MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ДЕВЕТ ЧАСА ВИНОЖИТО ЗА НОВ ГИНИСОВ РЕКОРД
 
ДЕВЕТ ЧАСА ВИНОЖИТО ЗА НОВ ГИНИСОВ РЕКОРД
06.12.2017, 12:57:33
 
 
 

Виножито, кое траело речиси цели девет часа, било забележано на небото над тајванската престолнина Тајпеј.

.

Научници од одделението за атмосферска наука на Универзитетот за кинеска култура во Тајпеј, забележале дека виножитото траело од 6 и 57 до 15 часот и 55 минути, односно полни 8 часа и 58 минути.

Ако овие податоци се потврдат, ќе биде срушен претходниот светски рекорд за најдолготрајно виножито забележано во Јоркшир во Англија, во 1994 година, кога траело 6 часа.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News