MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Australia » МУСЛИН ЌЕ ЈА ПРЕДВОДИ АВСТРАЛИЈА НА СВЕТСКОТО ВО РУСИЈА
 
МУСЛИН ЌЕ ЈА ПРЕДВОДИ АВСТРАЛИЈА НА СВЕТСКОТО ВО РУСИЈА
06.12.2017, 11:46:22
 
 
 

Славољуб Муслин ја предводеше селекцијата на Србија во квалификациите за престојниот Мундијал во Русија наредната година, но по пласманот на истиот донесе одлука да ја напушти селекторската позиција.  

.

Сепак тој ќе биде учесник на случувањата во Русија бидејќи стана еден од најсериозните кандидати за селектор на репрезентацијата на Австралија која веќе го потврди својот настап на Мундијалот.

Медиумите на петтиот континент откриваат дека Муслин веќе пристигнал во Австралија за да преговара со челниците на тамошниот Сојуз, по препорака на поранешниот репрезентативец на оваа земја.

Пред него Јирген Клинсман беше главен фаворит за селекторската позиција во Австралија, но таа приказна сепак неславно заврши.

Австралија остана без селектор после обезбедувањето пласман на Светското првенство преку бараж, бидејќи тогашниот предводник Постекоглу уште во текот на квалификациите најави дека ќе го напушти кормилото на националниот тим без оглед на конечниот исход.

Репрезентацијата на Австралија на Светското првенство во Русија се наоѓа во група со Франција, Данска и Перу.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News