MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » ФУДБАЛСКИТЕ НАДЕЖИ ПРОТИВ АНГЛИЈА, УНГАРИЈА И ЛЕТОНИЈА ЗА ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО
 
ФУДБАЛСКИТЕ НАДЕЖИ ПРОТИВ АНГЛИЈА, УНГАРИЈА И ЛЕТОНИЈА ЗА ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО
06.12.2017, 11:30:49
 
 
 

Македонските фудбалски надежи до 19 години ќе играат против Англија, Унгарија и Летонија, во елитната група за пласман на ЕП 2019.  

.

„Црвено-жолтите“ одиграа одлично во групната фаза во Скопје, победувајќи на сите три меча и завршија како првопласирани, пред Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ сега ќе го имаат последниот голем предизвик, пред посакуваниот пласман на завршницата на континенталниот собир. Македонија ќе биде во улога на носител во елитната група.Квалификациите во сите групи мора да завршат до 20 мај, а само најдобрите од сите седум групи ќе бидат дел од завршницата на Европското првенство кое ќе биде во Финска, од 16 до 29 јули.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News