MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport » БАЕРН ГО ПОБЕДИ ПСЖ ВО ДЕРБИТО НА ВЕЧЕРТА
 
БАЕРН ГО ПОБЕДИ ПСЖ ВО ДЕРБИТО НА ВЕЧЕРТА
06.12.2017, 11:28:31
 
 
 

Баерн Минхен со 3-1 го победи ПСЖ кој го задржа првото место, Челси и Атлетико Мадрид одиграа нерешено, Манчестер јунајтед со пресврт славеше над ЦСКА, Јувентус со победа се враќа од Атина.  

.

Во дербито на вечерта Баерн Минхен со 3-1 го победи ПСЖ на Алијанс Арената, фанцускиот тим ја задржа првата позиција во Б групата.

Баварците поведоа уште во осмата минута со гол на Левандовски, а Толисио во 37. зголеми на 2-0. По една убава асистенција на Кавани, Мбапе во 50. намали на 2-1, а Толисио со својот втор гол во 69. ги постави конечните 3-1.

Атлетико Мадрид бркаше победа на Стемфорд Бриџ, а притоа се надеваше на чудо во Рим каде што Рома не требаше да го победи Карабак. Не се случи ништо од тоа.

Шпанскиот тим поведе преку Нигуез во 56. минута, Челси изедначи со автогол на Савиќ по шут на Азар. Конечни 1-1.

ЦСКА Москва во 45. минута поведе на Олд Трафорд со сомнителен гол на Џагоев, но Манчестер јунајтед со погодоците на Лукаку и Рашфорд комплетно го сврте мечот во вториот дел и победи со 2-1.

Јувентус со голови на Квардадо и Бернардески победи на гостувањето кај Олимпијакос и го завери второто место.

Стефан Ристовски одигра едно полувреме за Спортинг Лисабон кој со 2-0 е поразен на гостувањето кај Барселона. Додека нашиот репрезентативец беше на теренот немаше погодоци. Головите за Барса беа дело на Пако Алкасер и автогол на Матие.

Рома со гол на Пероти со 1-0 го совлада Карабаг. Базел со 2-0 славеше на гостувањето кај Бенфика, Андерлехт со 1-0 триумфираше над Селтик во Глазгов.

Пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите обезбедија Манчестер јунајтед, ПСЖ, Рома, Барселона, Јувентус, Челси, Баерн Минхен и Базел.

Во Лига Европа ќе продолжат ЦСКА Москва, Селтик, Атлетико Мадрид и Спортинг Лисабон. Елиминирани се Бенфика, Андерлехт, Карабаг и Олимпијакос.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News