MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » КЕЈТ МИДЛТОН ВО СТИЛОТ НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА
 
КЕЈТ МИДЛТОН ВО СТИЛОТ НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА
06.12.2017, 10:45:00
 
 
 

Кејт Мидлтон и принцезата Дијана имаат многу заеднички работи. Тие за миг ги освоија симпатиите на народот штом станаа дел од кралското семејство, но имаат и сличен моден вкус.

.

 

Кејт Мидлтон повторно блескаше со омилената тијара на принцезата Дијана на главата при пристигнувањето на Годишниот дипломатски прием кај кралицата во Бакингемската палата.

Фотографите ја уловија со принцот Вилијам при излегување од Кенсингтонската палата.

Војвотката од Кембриџ ретко се појавува со тијара на главата, но навистина го обожава парчето до Дијана. Таа ја искомбинира тијарата со обетки и ѓердан со дијаманти.

На истиот настан минатата година Кејт ја носеше истата тијара, која во минатото ѝ беше препознатлив знак на принцезата Дијана.

Инаку тијарата Дијана ја доби како свадбен подарок од кралицата Елизабета во 1981 година.

Кејт со тијарата се појави и на годишниот настан на оддавање чест на британската дипломатска заедница, каде ја искомбинира со црвен фустан.

Кејт дефинитивно го обожава стилот на Дијана, бидејќи неодамна носеше ѓердан од кралицата Елизабета кој го имаме гледано и на вратот на Дијана.

 

 
 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News