MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » НАОМИ КЕМПБЕЛ СО СВОЈАТА МАЈКА НА BRITISH FASHION AWARDS
 
НАОМИ КЕМПБЕЛ СО СВОЈАТА МАЈКА НА BRITISH FASHION AWARDS
06.12.2017, 10:35:00
 
 
 

Легендарната манекенка Наоми Кембел и нејзината мајка Валери Морис-Кембел со нивниот фантастичен изглед ги оставија без зборови сите присутни на British Fashion Awards во Лондон.

.

 

Убавиците кои имаат 47 и 65 години покажаа како моќно му пркосат на времето.

Валери на нејзиниот Instagram профил објави слика со ќерка ѝ, а во описот искажа колку се гордее со неа. Мајката на планетарно познатата манекенка Наоми им честиташе на сите кои освоија награди на престижното британско модно случување.

На црвениот тепих во Лондон, Валери и Наоми повеќе изгледаа како две сестри, отколку како мајка и ќерка.

Наоми, која е муза на многу дизајнери, сигурно ги има наследено гените од нејзината мајка. Покрај стотиците познати манекенки кои чекореа по најпознатите светски писти, „Црната пантерка“ останува недостижна и единствена.

Нејзината мајка, Валери, била танчерка и манекенка. Таткото на Наоми ја напуштил Валери во четвртиот месец од бременоста, така што таа морала сама да ја одгледува ќерката. Манекенката е родена во Лондон, но порасна во Рим.

 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News