MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Australia » АВСТРАЛИСКИ ПРАТЕНИК ГО ЗАПРОСИ СВОЕТО МОМЧЕ ОД ПАРЛАМЕНТАРНАТА ГОВОРНИЦА
 
АВСТРАЛИСКИ ПРАТЕНИК ГО ЗАПРОСИ СВОЕТО МОМЧЕ ОД ПАРЛАМЕНТАРНАТА ГОВОРНИЦА
05.12.2017, 07:00:00
 
 
 

Австралиски пратеник му предложи брак на својот партнер за време на парламентарната дебата за легализирање на истополови бракови.

.

 

Рајан Болгер, кој седеше во галеријата за публика, гласно му одговори со „да“ на Тим Вилсон, потврдувајќи го ветувањето што си го имаат дадено пред девет години.

„Во мојот прв говор, јас ја дефинирав нашата врска со прстените што ни стојат на левите раце. Тие прстени се одговорот на прашањето што сакам да ти го поставам. Рајан Патрик Болгер, дали сакаш да се омажиш за мене“, изјави Вилсон, што предизвика аплауз и овации во салата.

Претставничкиот дом денеска ја почна дебатата за законот, што беше одобрен од Сенатот пред пет дена. Гласањето за законот се очекува оваа недела.

„Веруваме дека господинот Вилсон е првиот пратеник кој запросил некого во парламентот“, изјавија официјални лица.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News