MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Top Stories » ЗАЕВ СЕ НАДЕВА НА СКОРО РЕШЕНИЕ НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО
 
ЗАЕВ СЕ НАДЕВА НА СКОРО РЕШЕНИЕ НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО
14.11.2017, 16:00:00
 
 
 

Премиерот Заев изрази надеж дека Македонија и Грција наскоро би можело да најдат решение за спорот со името. Најави дека на 20-ти или 21-ви месецов треба да се случи првата средба меѓу преговарачите од двете земји, со медијаторот Нимиц.
  

 

.

На вториот ден од посетата на Словенија, премиерот Заев на работен појадок со делегација на словенечки стопанственици. Претседателот на Владата ќе се сретне и со претседателот на Државниот збор, Милан Брглез, како и со словенечкиот претседател Борут Пахор.

На вчерашната средба со неговиот домаќин Миро Церар потврдени добрите билатерални односи. Премиерот Заев изрази надеж дека Македонија и Грција наскоро би можело да најдат решение за спорот со името.

Најави дека на 20-ти или 21-ви месецов треба да се случи првата средба меѓу преговарачите од двете земји, со медијаторот Нимиц.

„Овој месец се очекува интензивирање на преговорите.  Ние, во Македонија, се обидуваме да изградиме национален консензус, сите, претседателот на државата, Владата, опозицијата, но во функција на наоѓање решение, а не на негово одложување“, нагласи македонскиот премиер.

Тој посочи дека Македонија гради пријателски односи со Грција и изрази уверување дека во таква пријателска атмосфера може да се најде решение и на ова, како што истакна, горливо прашање.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News