MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » ФУДБАЛЕРИТЕ ДО 21 ГОДИНА НАДИГРАНИ СРЕДЕ СКОПЈЕ
 
ФУДБАЛЕРИТЕ ДО 21 ГОДИНА НАДИГРАНИ СРЕДЕ СКОПЈЕ
14.11.2017, 15:17:22
 
 
 

По срамот во Гибралтар, нов удар за фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година, овој пат пораз на арената „Филип Втори“ од селекцијата на Австрија со убедливи 4-0.

Оваа генерација на македонски фудбалери уште еднаш покажа дека е далеку од нивото на своите претходници, кои играа на Европското првенство.

.

Австрија беше подобар противник кој можеше и поубедливо да дојде до трите бода. Македонија од време на време се закануваше со по некоја шанса но не успе да постигне ниту почесен гол.

Резултатот беше отворен во 12. минута кога Амел Јакуповиќ со вистинска бомба донесе радост за Австријците. Во 25. минута Хонсак го зголеми резултатот на 2-0. А по една неснаодливост на македонската одбрана, Лаимер погоди за водство на Австрија од 3-0. Со тој резултат се отиде на одморот.

Македонија се обиде да игра поофанвизно во второто полувреме, но тешко одеше. Нова грешка на нашата селекција, нов гол за Австријците во 54. минута, Јакуповиќ со својот втор гол ги постави конечните 4-0.

На десет минути пред крајот Македонија остана со играч помалку поради втор жолт картон на Костадинов.

Во 85. минута Македонија имаше шанса од пенал да постигне почесен гол, но ударот на Исени го одбрани голманот на Австрија.

По четири одиграни натпревари во квалификациите, Македонија има само три бода, една победа и четири порази.

Ова беше последниот натпревар на надежите до 21 година во 2017. Следниот квалификациски меч е на 23. март во Скопје против Русија.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News