MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » КАНБЕРА Е НАЈДОБРОТО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ ВО СВЕТОТ
 
КАНБЕРА Е НАЈДОБРОТО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ ВО СВЕТОТ
14.11.2017, 12:07:30
 
 
 

Територијата на австралиската престолнина со главниот град Канбера е најдоброто место за живеење во светот, покажа најновиот извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во чии рамки беа рангирани 362 региони од 34 земји членки на ОЕЦД.

.

Меѓу тие региони, Камбера е најдоброто место според квалитетот на животот, а кога станува збор за државите, Австралија е на самиот врв на листата, по која следи Норвешка, пренесува британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“.

Најдобри животни услови, ОЕЦД ги оценува врз основа на девет показатели, меѓу кои се економската благосостојба, приходи, образование, вработеност, безбедност, здравје и животна средина.

Уште пет автралиски градови, меѓу кои Сиднеј, Мелбурн и Перт, се најдоа на листата на водечките 10 региони со најдобар квалитет на живот, додека на дното од листата се најдоа мексиканските држави.

На листата на најлошо рангирани земјо со најтешки животни услови се најдоа Мексико, Турција, Унгарија, Полска и Словачка, јавува британскиот јавен сервис.

„Животните стандарди и натаму се различни во многу економски развиени земји, бидејќи посиромашните региони се борат да фатат чекор со побогатите“, се наведува во извештајот на ОЕЦД.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News