MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport » ИТАЛИЈА ОСТАНА БЕЗ ПЛАСМАН НА СВЕТСКОТО ВО РУСИЈА
 
ИТАЛИЈА ОСТАНА БЕЗ ПЛАСМАН НА СВЕТСКОТО ВО РУСИЈА
14.11.2017, 10:55:35
 
 
 

„Аѕурите" останаа без учество на мундијалот во Русија, вчера Шведска се избори за 0-0 на Сан Сиро и приреди мала сензација. Џиџи Буфон и Италијаните од дома ќе го следат СП 2018 откако вечерва не успеја да победат во реваншот против Шведска.

.

Италија ја имаше топката во свои нозе, притискаше и се обидуваше да постигне гол со кој ќе ја анулира негативата од првиот натпревар, но никако не успеваше да го најде патот до мрежата на Олсен.

„Аѕурите“ има неколку добри прилики, Кандрева биеше над голот во првиот дел, а Флоренци покрај стативата во второто полувреме. Во судиското надополнување опасен удар испрати и Ел Шарави, но голманот на гостите беше на висината на задачата.

На крајот Шведска се радуваше на пласман на мундијалот, а Италијаните со солзи во очите лежеа на теренот. „Аѕурите“ последен пат не настапија на Светско првенство во далечната 1958.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News