MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport World » КЛИВЛЕНД СЕ ВРАТИ ОД -23 И ГО СОВЛАДА ЊУЈОРК
 
КЛИВЛЕНД СЕ ВРАТИ ОД -23 И ГО СОВЛАДА ЊУЈОРК
14.11.2017, 10:53:21
 
 
 

Беше навистина жешко во Њујорк, каде Никс го пречекаа Леброн Џејмс и Кливленд Kавалирс.  

.

По едно полувреме им припадна на двете екипи, но на крајот славеше гостинот со 101-104. Леброн Џејмс влезе во мала пресметка со Енес Кантер, откако претходно беше турнат од Френк Ентиликина. Двајцата добија технички грешки, па Никс го искористија тоа за да доминираат на паркетот. Сепак, гостинот се разбуди во второто полувреме особено во последниот период кога постигна 43 поени, наспроти 25-те на Њујорк.

Кајл Корвер постигна 19 од своите 21 поен во последната четвртина, а благодарение на серијата тројки во финишот од натпреварот, Кавалирс успеаја да дојдат до триумф и да надоместат дури 23 поени негатива. Леброн Џејмс го заврши натпреварот со 23 поени, 12 асистенции и девет скока. Тим Хардавеј Џуниор со 28 поени и 10 скока беше најефикасен кај Никс.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Вашингтон - Сакраменто 110-92
Милвоки - Мемфис 110-103
Њу Орлеанс - Атланта 106-105
Феникс - ЛА Лејкерс 93-100
Јута - Минесота 98-109
Портланд - Денвер 99-82
Голден Стејт - Орландо 110-100
ЛА Клиперс - Филаделфија 105-109  

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News