MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Sport Macedonia » ФУДБАЛСКИТЕ НАДЕЖИ ПРЕКУ АВСТРИЈА ЌЕ БРКААТ ПЛАСМАН НА ЕП 2019
 
ФУДБАЛСКИТЕ НАДЕЖИ ПРЕКУ АВСТРИЈА ЌЕ БРКААТ ПЛАСМАН НА ЕП 2019
14.11.2017, 10:51:33
 
 
 

Македонската репрезентација до 21 години, денес од 13 часот на арената „Филип Втори“ ја пречекува Австрија во четвртиот меч од квалификациите за ЕП 2019.  

.

Македонските надежи до 21 години против Австрија ќе се обидат да се вратат на победничките патеки откако претрпеа два порази во низа. Главното разочарување се случи против Гибралтар на кој му дозволија да дојде до историски триумф.

Селекторот Благоја Милевски верува дека впечатокот ќе биде поправен денес, против Австрија.

„Подготвени сме да покажеме дека имаме квалитет и дека резултатите во подготвителниот период и оној против Ерменија во квалификациите не се случајност. Фудбалерите се мотивирани да го покажат својот потенцијал, а тоа што играме на „Филип Втори“ арената само ја зголемува мотивацијата кај играчите“ - вели селекторот Благоја Милевски.

„Имаме уште седум меча до крајот на квалификациите, па имаме уште шанси, сега следуваат натпревари против директните конкуренти. Но, јас никогаш не сум рекол дека целта во овие квалификации ни е да се пласираме на ЕП. Важно е да бележиме добри резултати и да го подобруваме рејтингот“.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News