MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Showbiz News » НАЈНЕСЕКОЈДНЕВНИОТ КАЛЕНДАР НА ПИРЕЛИ ЗА 2018 ГОДИНА
 
НАЈНЕСЕКОЈДНЕВНИОТ КАЛЕНДАР НА ПИРЕЛИ ЗА 2018 ГОДИНА
14.11.2017, 07:15:00
 
 
 

Календарот на „Пирели“ за 2018 година урива стереотипи, еден по еден. За бајките. За жените. Па и за самиот календар на „Пирели“.

.

 

Календарот „Пирели“ за 2018 година е базиран на приказната „Алиса во земјата на чудата“ и ја слави убавината на црномурестите луѓе.
Во најновото издание на календарот позираат ѕвезди од модата, филмот, музиката и слично, под раководство на фотографот Тим Вокер. На календарот исто така работеше стилистот Едвард Енинфул.

Тема
Темата на календарот е „Алиса во земјата на чудата“, а фотографиите се надреални како „свет од соништата“ и во целост ја одразуваат визијата на Вокер за приказната на Алиса.
- Алиса никогаш досега не била со црн тен, сакав на поинаков начин да ја претставам убавината, но и фиктивните ликови што ја следат Алиса - објаснил Вокер.

Славни личности
Меѓу ликовите што се најдоа на легендарниот календар за 2018 година се Наоми Кемпбел, Лупита Нјонго, Вупи Голдберг и Пи Диди. Во улога на Алиса се најде австралискиот модел Даки Тот.

Концепт
Во изминатите неколку години брендот го измени концептот.
Во 2016 година од „Пирели“ ја најмија Ени Лебовиц за да фотографира „моќни жени“ како Серена Вилијамс, Јоко Оно и Пети Смит.
Лани, Питер Линдберг фотографираше познати актерки со облека на себе, меѓу кои беа Џулијан Мур, Хелен Мирен и Робин Рајт.
Пред 30 години календарот на „Пирели“ исто така беше изработен само со црномурести модели.
За првпат календарот „Пирели“ беше објавен во 1963 година.

Доколку се вратиме малку наназад во минатото, ќе сфатиме дека календарот „Пирели“ помина долг пат. Од календар што некогаш се сметаше за провокативен и премногу предизвикувачки, „Пирели“ успеа да се избори со разни епитети и да стане еден од најпочитуваните календари.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News