MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » News Australia » СРЕДБА НА ТУРНБУЛ СО ТРАМП НА АСЕАН САМИТОТ
 
СРЕДБА НА ТУРНБУЛ СО ТРАМП НА АСЕАН САМИТОТ
14.11.2017, 07:00:00
 
 
 

Денешната средба меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и австралискиот премиер Малком Турнбул, беше проширена, вклучувајќи го и јапонскиот премиер Шинзо Абе.

.

.

Промената ја нагласи важноста на трилатералните врски за регионалната безбедност, особено во однос на тоа како да се одговори на програмите за нуклеарно и ракетно оружје на Северна Кореја, но и на територијални претензии на Кина.

„Клучно за нас е да осигуриме блиска трилатерална соработка за да обезбедиме мир и стабилност“, изјави јапонскиот премиер кој со претседателот Трамп демонстрираше заеднички став во однос на Северна Кореја.

Со сличен став искажа и австралискиот премиер: „Ги имаме истите вредности и истиот фокус, со цел да обезбедиме дека северно - корејскиот режим ќе ги запре непромислените провокации и закани за регионален конфликт.“ рече Турнбул. „Мирот и стабилноста донесоа просперитетот за милијарди луѓе во текот на неколку децении, и ние ќе работиме заедно за да осигуриме дека го одржуваме“.

Во западниот дел на Тихиот окаен, во тек е масовна поморска вежба во која учествуваат три американски носачи на авиони која има за цел да демонстрира сила.

На американските носачи на авиони им се придружија и делови од јужнокорејските и јапонските поморски сили.

Трамп рече дека ќе излезе со „значајна изјава“ за Северна Кореја и трговија, откако ќе се врати во Вашингтон по азиската турнеја во која тој посети пет држави.

„Направивме многу голем напредок во трговијата", рече Трамп пред состанокот со Турнбул и Абе на маргините на Самитот на асоцијацијата на нации во Југоисточна Азија (АСЕАН), додавајќи дека неговото патување во Азија резултирало со продажни договори вредни 300 милијарди американски долари.

 
 
 
 
      
 
 
 
Related News