MACTEL.COM.AU
 
 
 
 

Home Page » Entertainment » ЅИРНЕТЕ ВО НАЈКРЕАТИВНАТА ГРАДИНКА ВО АВСТРАЛИЈА
 
ЅИРНЕТЕ ВО НАЈКРЕАТИВНАТА ГРАДИНКА ВО АВСТРАЛИЈА
13.11.2017, 12:10:39
 
 
 

Дизајнирана од „PAL Design“, „NUBO“ е прекрасно место стратешки дизајнирано на децата да им даде можност за уживање и играње додека просторот го одржуваат пријатно среден и уреден.

.

Градинката се протега на 76 квадратни метри и е отворена и светла, благодарение на големите стаклени прозорци и големиот простор за складирање. Внатрешниот дизајн е фокусиран на создавање на забава и флексибилен простор кој стимулира и поттикнува креативна и енергична игра.

Според архитектите, оваа област особено одговара за деца во различни фази на учење за безбедно да се истражува целиот простор. Целокупниот дизајн има минималистички приод за отстранување на непотребниот мебел и опрема кој на децата им дава можност самите да измислат свои игри.

Внатрешниот распоред е дизајнира да биде ултра пријателски за деца со определи области за активности, вклучувајќи голема детска библиотека со места за читање, соба за градење блокови како и бројни играчки за сите возрасти. Просторот има и кујна која овозможува готвачите да приготват здрави јадења. Сите деца кои сакаат да се движат, има активна област која ги поттикнува децата да трчаат, да се лизгаат, качуваат и кријат.

 
 
 
 
 
 
 
 
      
 
 
 
Related News